Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари

Од:

Илон Маск е првиот човек кој достигнал богатство од над 400 милијарди долари, според Форбс и Блумберг, јави ДПА.

Неговото богатство главно се состои од акции во производителот на електрични автомобили Тесла и компанијата SpaceX.

Американскиот магазин Форбс го процени богатството на Маск на 431,2 милијарди долари, а Блумберг соопшти дека тоа изнесува приближно 447 милијарди долари.

По американските претседателски избори на почетокот на ноември, растот на цената на акциите на Tесла го направи Маск (53) значително побогат, барем на хартија.

Инвеститорите шпекулираат дека Тесла ќе има корист од моменталната блискост на Маск со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наведува ДПА.

Маск, роден во Јужна Африка, сега американски државјанин, го поддржа Трамп со милиони донации за време на изборната кампања и ќе биде дел од владата на Трамп.

Би можело да ве интересира

Маск и понуди милиони долари на инфлуенсерката Сент Клер за да го прикрие раѓањето на нивниот син

Горан Наумовски

Маск: Советникот за трговија Питер Наваро е морон

А1он

Маск наводно побарал од Трамп да ги укине царините

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Илјадници Американци на околу 1.200 демонстрации против Трамп и Маск низ САД

Горан Наумовски

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа