Маск: Ако го затворам Старлинк, Украинците ќе пропаднат

Од:

Илон Маск повторно ја коментираше војната во Украина, тврдејќи дека украинската армија ќе пропадне без неговиот систем Старлинк и се залага за итен прекин на конфликтот.

„Буквално го предизвикав Путин на физичка пресметка еден на еден околу Украина, а мојот систем Старлинк е столбот на украинската војска. Целата нивна линија на фронтот ќе се урне ако го исклучам“, напиша Маск на X.

Маск истакна дека е ужаснат од годините на крвопролевање во војна во која Украина на крајот нема да може да победи.

Маск нагласи дека секој што навистина се грижи, размислува и ја разбира ситуацијата треба да бара крај на војната.

„Секој кој навистина се грижи, навистина мисли и навистина разбира, сака да престане оваа мелница за месо. МИР СЕГА!!“, напиша тој на „Х“.

Би можело да ве интересира

Маск бара отфрлање на тужбата против него за уделот во Твитер

Трамп: Смешна е идејата на Маск за трета партија во САД

Трамп вели ќе размисли дали да го депортира Маск

Катерина Ѓуровски

Венс: Трамп не сака долгорочна расправија со Маск

Маск ретерираше: Жалам за некои од моите објави за претседателот Трамп

Горан Наумовски

Трамп за Маск за CNN: Тој јаден човек има проблем