ВИДЕО: Машиновозачот на шпанскиот воз обвинет за убиство од небрежност

Од:

Притворениот машиновозач на возот, кој во средата излета од шините во Сантијаго де Компостела при што загинаа 78 лица, е обвинет за убиство од небрежност, соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандес Диас.

Според министерот од четврток во 19.40 часот по локално време на машиновозачот е изречена мерка притвор за наводно убиство од небрежност.

– Постојат основани индикации, што дозволуваат да се верува дека тој може да сноси евентуална одговорност за несреќата, што сепак треба да се утврди од судијата и истрагата, изјави Диас денеска пред новинарите.

Машиновозачот Франсиско Хосе Гарсон Амо (52) е осомничен за развивање на прекумерна брзина на свиок при влез во Сантијаго де Компостела, најверојатно 190 километри на час, додека препорачаната брзина изнесува 80 километри на час, што се смета за причина на несреќата.

– 72 часа од притворот истекуваат во 19.40 часот во недела по што тој ќе биде изнесен пред суд, истакна министерот.

Денеска тој беше пренесен во полициска станица, по отпушатњето од болница, каде беше примен поради повреди на главата.

Машиновозачот, кој 30 години работи за државната железничка компанија „Ренфе“ вчера одби да одговори на прашањата на полицијата.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата