Машиновозач на шпански брз воз кој сообраќал на линијата Сантандер – Мадрид го запрел возот со 109 патници на станицата во Осорно и одбил да го продложи патувањето од причина што смената му завршила.
Државната железничка компанија „Renfe“ соопштила дека возот застанал на станицата Осорно на помалку од пола пат до предвидената крајна станица.
Компанијата организирала автобуси и такси возила за да ги префрли патниците до саканата дестинација.
Во соопштението се вели дека од безбедносни причини било скратено работното време на машиновозачот.
Компанијата им упатила извинување на патниците и е покрената истрага за овој случај.