Масакрот во Париз е почеток на нападите во Европа?

Од:

Минатонеделните терористички напади во Париз би можеле да бидат првиот бран напади што допрва ќе ја зафатат Европа, јавува германскиот весник „Билд“, цитирајќи извештаи на американската разузнавачка агенција НСА, која успеала да пресретне комуникација меѓу лидерите на Исламска држава.

Париз е посочен како прв од серијата планирани напади на европските градови, која го вклучува и Рим, пишува „Билд“, притоа не откривајќи го целиот план за нападите.

Американската НСА, наводно, има информации дека Шериф и Саид Кауши, браќата што го извршија масакрот во францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“, имале контакти во Холандија.

Зголемена е спремноста на полициските служби откако разузнавачите дознале дека Амеди Калибали, терористот што ги уби полицајката во Монруж и уште четири лица во супермаркетот, веројатно активирал заспана терористичка ќелија, која има цел да ги нападне безбедносните служби.

На интернет се појави видеозапис од Калибали, во кое тој се заколнува на верност на „Калиф Ибрахим“, исто така познат како Абу Бакр ал-Багдади, самопрогласен лидер на ИД. Во интервјуто, Калибали соопштува дека се поделени во две групи и оти спремаат напади врз полицијата.

Шериф Кауши претходно соопштил дека бил обучен и финансиран од разгранокот на Ал Каеда од Јемен.
Во саботата, еден од лидерите на Ал Каеда од Јемен, Харит ал-Надхари објави видеозапис во кој се заканува со нови напади во Франција.

– Војници кои го сакаат Алах и се негови гласници се меѓу вас. Тие не се плашат од смртта. Тие бараат маченичка смрт во име на Алах – вели Ал-Надхари.

Францускиот претседател Франсоа Оланд во петокот, по кулминацијата на крвавите настани, предупреди дека заканата со која се соочува Франција, сè уште не е завршена.

Би можело да ве интересира

„Шарли Ебдо“ повторно ги објави карикатурите на Мухамед поради кои беше мета на џихадистите

Ана Ололовска

„Шарли ебдо“ и по пет години по нападот остануива критичар на општетсвото

Ана Ололовска

Џихадистот Петер Шериф почнува со отслужување на петгодишна казна затвор

Ана Ололовска

Во Џибути уапсен џихадист поврзан со нападот врз „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ за сексуалните напади во Келн

Ана Ололовска

Една година по нападите против Шарли Ебдо и Хипер Кашер

Емир Латифовиќ