Масакр врз цивили во Нигерија – вооружена банда уби најмалку 17 земјоделци

Од:

Најмалку 17 земјоделци беа убиени, а 13 ранети во напад од вооружена банда во северозападна Нигерија, соопштија денес локалните власти и жителите.

Нападот се случи во петокот во градот Горон Намаџе во областа Марадун во државата Замфара во северозападна Нигерија, објавува АП, забележувајќи дека ниту една група не ја презеде одговорноста за најновиот од серијата напади од вооружени банди.

„Земјоделците работеа на своите полиња кога бандитите одеднаш ги нападнаа и убија 17 земјоделци“, рече Шеху Муса, жител на Марадун.

Тој додаде дека ранетите се лекуваат во блиската болница.

„Овој напад е резултат на одбивањето на владата на државата Замфара да преговара со вооружените лица“, рече Сануси Досара, претседател на локалната самоуправа Марадун.

Досара апелираше до владините сили да го растурат кампот Бајан-Рува во шумата Марадун каде што се кријат напаѓачите.

Во четврток, 39 лица беа киднапирани во Магамин Диди, населба во Марадун, додека мештаните разговараа со родителите на осомничен водач на бандити во обид да преговараат за мир и да го решат проблемот со честите киднапирања.

Би можело да ве интересира

Трамп: Требаше порано, но сакав да им дадеме божиќен подарок со нападот на ИСИЛ во Нигерија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Америка ја нападна ИСИС во Нигерија

Катерина Ѓуровски

Трамп нареди подготовки за напад

Предраг Петровиќ

Експлозија на цистерна во Нигерија – загинаа најмалку 35 луѓе

А1он

Најмалку 44 лица починаа од колера во североисточна Нигерија

Наум Локоски