Масакр во Сирија, десетици владини војници загинаа во заседа на Исламска држава

Од:

Најмалку 26 сириски војници и провладини борци биле убиени денеска во Сирија во заседа на џихадистите од Исламска држава, кои од своја страна изгубија 11 припадници, соопшти денеска опозициската Сириска опсерваторија за човекови права.

Џихадистите, кои ги засилија нападите во изминатите два месеци, поставиле заседа за војниците во пустинската област на провинцијата Деир Езор, соопшти опсерваторијата и додаде дека џихадистите продолжуваат со повремени напади во пустинските области на Сирија и Ирак.

Од почетокот на војната во Сирија, во март 2011 година, загинаа најмалку 387.000 војници, а своите домови ги напуштија неколку милиони луѓе.

По речиси една деценија војна, џихадистите не држат ниту едно парче земја во државата, но и натаму ја користат пустината како отскочна штица за герилски напади.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад