Мас: Во случај на пропаѓање на ИНФ, важно е да се спречи трка во вооружувањето

Од:

Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас изјави дека безедноста на Европа нема да се подобри ако дополнителен број нуклеарни боеви глави бидат распоредени на нејзина територија.

– Јас тоа го сметам за погрешен одговор, изјави Мас за Шпигел.

Тој додаде дека шансите за опстанок на Договорот за нуклеарните сили од среден дострел (ИНФ) се слаби, за жал, но Германија ќе се обиде да направи се што е можно за да опстане тој договор.

Според него, сега е потребно да се убеди руската страна да разјасни обвинувања од САД и да потврди посветеност за договорот. Мас нагласи дека „Русија е подготвена за разговори“.

Шефот на германската дипломатија нагласи дека во случај на пропаѓање на Договорот, важно е да се спречи трка во вооружувањето.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Тела на маж и жена најдени во резервоар за ѓубриво на фарма во Германија

А1он