Марш за поддршка на Макрон на 20 јануари

Од:

На социјалната мрежа Фејсбук е испратен повик за поддршка на францускиот претседател Емануел Макрон. Настанот, кој треба да се одржи на 20 јануари во Париз, е именуван како „марш за поддршка на Емануел Макрон”, но во меѓувреме е преименуван во „Републикански марш на слободата”.

Организатор на маршот е Лоран, по професија инженер и симпатизер на Републиката во движење, владејачката партија која го поддржува Макрон.

– Кога слушам дека тој е претседателот на богатите, дека тој е во служба на банкарите, во служба на заговор за нов светски поредок, тоа ме шокира и сметам дека тоа е неправедно, изјави Лора за радиото Европа 1, додавајќи дека претседателот е „некој што прави работите да се променат “.

Повеќе од 3.000 корисници на Фејсбук веќе го најавија своето учество на овој марш, а над 10.000 се заинтересирани.

– Ова не е опозиција на „жолтите елеци“, туку марш, пред се, за крај на блокадите, крај на насилството, враќање на мирот и создавање простор за дијалог, истакна Лоран, кој е жител на Тулуз.

„Жолтите елеци“ веќе најавија протести за в сабота и за ноќта на Нова година.

Маршот организиран за поддршка на Емануел Макрон, некои веќе го споредуваат со маршот на Елисејските полиња по демонстрациите во мај 1968, кога симпатизерите на генералот Де Гол излегоа масивно да му дадат поддршка. Но само една година подоцна по неуспешниот референдум, генералот Де Гол се повлече од претседателската функција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски