Бројот на загинати во земјотресот што го погоди Мароко минатата недела се искачи на 2.901, додека бројот на повредени е повеќе од двојно зголемен на 5.530, објави денеска мароканската државна телевизија.
Голем број преживеани се наоѓаат во импровизирани засолништа откако поминале четири ноќи на отворено, објави Ројтерс.
Спасувачите од Шпанија, Велика Британија и Катар им помагаат на мароканските спасувачки тимови, додека Италија, Белгија, Франција и Германија рекоа дека нивните понуди за помош допрва треба да бидат одобрени.