Марио Драги: Што е можно побрзо да се вакцинира целиот свет

Од:

Треба да го вакцинираме целиот свет и да го сториме тоа што е можно поскоро, нагласи италијанскиот премиер Марио Драги на отворањето на светскиот самит за здравје, што почна денеска во Рим.

На онлајн самитот учествуваат лидерите на најразвиените земји во светот, членки на Г20. Според италијанскиот премиер, пандемијата со Ковид-19 укажа на незаменливата улога на меѓународната соработка сега, а уште повеќе во иднина.

– Треба да утврдиме што не работеше за време на борбата против сегашната пандемија со цел подобро да се подготвиме за идните пандемии, потенцира Драги.

Претседателот на Европската комисија, Урсула Вон дер Лајен, лично учествува на Светскиот самит за здравје, и нагласи дека целта на самитот е да се стави пандемијата под контрола насекаде, да се осигура дека вакцината ќе стигне до сите делови на светот со извоз на лекови и размена во производствениот синџир.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он