Марин Ле Пен повика мигрантите кои тајно го преминуваат Медитеранот да се вратат во нивните земји

Од:

Марин Ле Пен повика мигрантите кои тајно го преминуваат Медитеранот назад во нивните земји, нарекувајќи ја Либија „безбедно пристаниште“ и критикувајќи го притоа приемот на Франција од 230 мигранти од Океан Викинг, јави дописникот на МИА.

Хуманитарниот брод во петокот се закотви во военото пристаниште Тулон, откако спаси мигранти, меѓу кои 57 деца, во широчините на Либија, на најопасната миграциска рута во светот. Бродот талкаше во Медитеранот три недели, во недостиг на пристаниште кое ќе се согласи да ги пречека, а нивното пристигнување е прво во Франција, што создаде силни тензии со Италија.

„Денес, нашата земја преку гласот на нејзиниот лидер (Емануел Макрон) попушти. Затоа, мислам дека е почеток на серија бродови на невладини организации“, вели претседателот на групата РН во Националното собрание, обвинувајќи ги овие чамци дека се „соучесници на шверцерите“.

„Овие бродови што ги носат мигрантите пронајдени на море на безбедно, мора да ги вратат во нивното појдовно пристаниште“, додаде таа, проценувајќи дека бродот треба да се закотви во Триполи (Либија) или евентуално во Тунис.

Либија „треба да биде безбедно пристаниште бидејќи таму војувавме (…), Тунис е безбеден, Алжир е безбеден“, инсистираше таа, по церемонијата на комеморација на примирјето од 1918 година, во Хенин-Бомон во нејзината изборна единица Пас -де-Кале.

„Апсолутно не е виновна Италија“, на крајот изјави таа, посочувајќи дека на местото на шефот на италијанската влада Џорџија Мелони (екстремна десничарка), таа би ја донела истата одлука да одбие да го приофати хуманитарниот брод.

Од своја страна, Џордан Бардела претседателот на РН изрази жалење што „имиграциската политика на Франција повеќе не се решава во Министерството за внатрешни работи во Париз, туку на море, од бродови заробени од екстремно левичарски невладини организации, бродови кои се под печат бидејќи се вклучени во трговија со луѓе“. „Потребна ни е европска истрага“ за врските меѓу невладините организации и шверцерите, повтори тој пред печатот во Вилерс-Котеротс (Ајсна), каде што беше одбележано примирјето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција: На судењето на Марин Ле Пен, обвинителството бара пет години затвор

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Марин Ле Пен: Франција е во ќорсокак, никој не знае од каде ќе дојде премиерот

Започната е истрага против Марин Ле Пен

Горан Наумовски

Ле Пен: Нашата победа е само одложена

(ВИДЕО) Клучен ден за Франција: Партиите се обединија против крајната десница на Ле Пен