Марин Ле Пен: Франција е во ќорсокак, никој не знае од каде ќе дојде премиерот

Од:

Денеска се најдовме во ќорсокак бидејќи никој не може да знае од каде ќе дојде премиерот, ниту каква политика ќе води земјата, изјави пред новинарите по пристигнувањето во парламентот лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен.

Ле Пен ги осуди предизборните договори за кои рече дека ја спречиле нејзината партија Национален собир (РН) да дојде на власт, објави ТВ БФМ.

– Тоа е само доцнење – рече таа пред Националното собрание, каде што се враќаа пратениците на РН и посочи дека Националното собрание мора да ја одразува застапеноста на сите Французи.

Францускиот претседател Емануел Макрон, чиј мандат истекува во 2027 година, распиша парламентарни избори откако неговата партија беше поразена од екстремната десница на минатомесечните избори за ЕУ ​​и рече дека ќе ја расчисти ситуацијата, што не се случи, објави Ројтерс.

– Во најмала рака, ова не е голем успех за Емануел Макрон – се пошегува Ле Пен.

Неочекуваниот исход од предвремените избори во неделата, на кои левичарскиот Нов народен фронт (НФП) освои најмногу гласови, но ниту една група не освои апсолутно мнозинство, ја втурна Франција во неизвесност, без јасен пат до стабилна влада, наведува агенцијата.

Би можело да ве интересира

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Нова истрага против Марин Ле Пен

Мелони застана во одбрана на Ле Пен. „Се одземаат правата на милиони граѓани“

(ВИДЕО) Трамп се спореди со Ле Пен: Таа е водечки кандидат

Ле Пен по пресудата: На милиони луѓе во Франција ќе им биде ускратена можноста да гласаат за фаворитот на следните избори

А1он

За Додик пресудата на Ле Пен е злоупотреба на судството за политички цели

А1он