Марија Пејчиновиќ Буриќ нов генерален секретар на Советот на Европа

Од:

Парламентарното Собрание на Советот на Европа ја избра Марија Пејчиновиќ Буриќ (Хрватска) за генерален секретар на Советот на Европа со петгодишен мандат, што почнува од 18 септември 2019 година, јавува дописмикот на МИА од Стразбур.

Наспроти сите очекувања, вицепремиерот и министер за надворешни и европски прашања на Република Хрватска беше избрана уште при првиот круг на изборите. Марија Пејчиновиќ Буриќ освои 159 гласови (апсолутно мнозинство), додека вицепремиерот и министер за надворешни и европски прашања на Белгија Дидие Рејндерс 105 гласови. Во тајното гласање учествуваа 264 пратеници од 47-те земји членки на Советот на Европа.

Марија Пејчиновиќ Буриќ е втора жена на оваа функција во 70-те години на постоење на Советот на Европа, пред неа беше Катрин Ла Лумиер (Франција).

Марија Пејчиновиќ Буриќ е исто така прв генерален секретар кој доаѓа од земјите од Централна и ЈИЕ, таа е прва на оваа функција од земјите од поранешна Југославија.

На двете најпрестижни функции во Советот на Европа се наоѓаат личности кои доаѓаат од поранешна Југославија, Дуња Мијатовиќ (Босна и Херцеговина) во моментов ја врши функцијата Комесар за човекови права на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Грушко: Русија не планира враќање во Советот на Европа

Ана Ололовска

Путин предлага раскинување на 21 договор на Советот на Европа кои се однесуваат на Русија

Ана Ололовска

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

Унгарија ставена под мониторинг на парламентарците од Советот на Европа за владеењето на правото

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска