Мариано Рахој е првиот шпански премиер што се појави како сведок на суд

Од:

Мариано Рахој е првиот премиер на Шпанија кој денеска сведочеше на суд и беше испрашуван во врска со откриената илегална шема за финансирање во рамите на неговата Народна партија.

На сослушувањето Рахој изјави дека нема никаква врска со откриените состојби во партијата, објаснувајќи дека неговата улога кај „народњаците“ е само политичка и стратешка, но не и финансиска.

Во обвинителниот акт, шпанскиот премиер не се третира како осомничен или обвинет, затоа што нема прекршено кој било од законите на Шпанија.

Претходно, Рахој барал од судот, да сведочи преку линковска врска, но таквото барање судиите не го прифатиле. Тој сепак, на денешното сведочење седеше во судницата на истото ниво на кое се наоѓаат и судиите, а не како што е тоа вообичањено, на местото определено за сведоци.

Шпанското државно обвинителство покрена широка операција за откривање и сузбивање на корупцијата, во рамките на владејачката Народна партија, врз основа на дојава од „свиркач“ за корупциски врски на функционери на партијата со градежната мафија во земјата.

Обвинителство тврди дека за време на градежниот „бум“ за изградба на станови куќи за пазар, во времето пред избувнувањето на банкарската и финансиската криза, во 2008 година, градежните компании им пружале на поранешни пратеници од Народната партија и на државни службеници „контра услуги“ за договорите то ги склучувале.

На судење се изведени 37 лица, меѓу нив и тројца поранешни високи партиски функционери, задолжени за финансиите, сите поврзани со првообвинетиот бизнисмен Франциско Кореа.

Тој веќе е во затвор, каде ја издржува затворската казна од 13 години, за корупција и давање поткуп, па сега се соочува со казна од вкупно 125 години, доколку биде прогласен за виновен.

Премиерот Рахој тврди дека не се познавал со Кореа, како и дека иако е партиски лидер уште од 2004 година, никогаш не се занимавал со партиските финансии.

Опозицијата сепак побара денеска од него да поднесе оставка, како „морален чин“ за да се зачува достоинството на премиерската функција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски