Привремениот претседател на Египет Адли Мансур донесе одлука парламентарните избори да се одржат до 2014 година. Тој најави дека дополнително ќе го објави датумот на одржување на изборите.
– Египет ќе има пет месеци да го измени предлог-уставот донесен од исламистите, кој беше суспендиран по соборувањето од власт на претседателот Мохамед Морси, да биде усвоен на референдум, а потоа да се одржат парламентарни избори, се наведува во декретот на Мансур.
Египетската армија, која го постави Мансур за наследник на Морси вети дека брзо ќе ја врати цивилната власт.