Мансур Хади се врати во Јемен

Од:

Јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади пристигна денеска од Саудиска Арабија во Аден, привремен главен град на Јемен, јавија западни медиуми цитирајќи извори блиски до Хади.

Засега не е јасно дали Хади ќе остане само извесно време во државата или пристигнувањето е знак за обнова на владеењето и крај на егзилот во Ријад.

Според Ал Џазира, Хади се враќа за да учествува во ослободувањето на градот Таиз каде веќе неколку месеци има борби со бунтовниците Хути. Хади беше во септември во Јемен за време на муслимански празник по што замина за Њујорк за да учествува во Генералното собрание на ОН.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен