Манифестот на убиецот-тинејџер ја шокираше судницата: „Првата жртва мора да биде убава девојка“

Од:

Напаѓачот во средното училиште во Мичиген, Итан Крамбли (15), рече дека ќе се забавува „толку многу“ убивајќи ги своите соученици. Тој уби четворица соученици и рани уште седум други, се вели во неговиот манифест објавен на суд.

Семејствата на жртвите на сослушувањето слушнале аудио снимка на убиецот во кој се вели дека тој е „следниот училиштен напаѓач“ и дека мора да им „држи лекција“ со извршување на масакрот во училиштето во Оксфорд.

Крамбли, кој се изјасни за виновен за масакрот, ги направи шокантните откритија во манифестот што го сними ноќта пред да го спроведе својот ужасен план, соопштија обвинителите во четвртокот.

„Моето име е Итан Крамбли, имам 15 години и ќе бидам следниот напаѓач од училиште. Размислував многу за ова. Не можам да престанам да мислам на тоа, тоа е во мојата глава цело време“, се слуша како вели тој во снимката објавена во судницата.

Тој истакна дека ќе се обиде да убие што повеќе луѓе.

„Ќе одам зад некого и ќе му испукам куршум низ черепот. Ќе пукам во сите во ходникот, ќе се обидам да погодам што е можно повеќе луѓе“, вели Крамбли.

Обвинителите открија и шокантни страници од рачно напишаниот дневник на тинејџерот, како и ужасни текстови што тој ги испратил на неименуван пријател.

Обвинителството побара од судијата да го осуди на доживотен затвор без можност за условно ослободување.

„Првата жртва мора да биде убава девојка со иднина за да може да страда исто како мене“, напиша тој.

Првата жртва која ја застрелал е Фиби Артур, таа преживеала, но била тешко ранета, пренесува New York Post.

Тој напиша дека не сака да умре и сака да биде запаметен.

Утрото на пукањето, момчето и неговите родители се сретнале со службеник на училиштето откако наставникот пронашол некои од неговите ужасни записи во дневникот.

Нему му било дозволено да остане на училиште и не му била проверена чантата дали има оружје.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија