Момче почина од струен удар на станица на метрото во Берлин откако се обиде да ја земе својата електронска цигара која му падна на шините, објави ДПА.
Берлинската полиција соопшти дека 17-годишникот бил дел од група на станицата „Дојче опера“ и се обиде да ја земе својата електронска цигара падната на шините под воз кој стоел.
Во обидот, тој ги допрел шините, по што добил струен удар и починал на самото место.
Портпаролот на германската полиција изјави дека возовите понекогаш се привремено паркирани на станиците на метрото.
Сепак, шините можат да останат под напон, што претставува ризик од струен удар доколку се допрат.