Малики критикува парламентарен извештај за падот на Мосул

Од:

Поранешниот ирачки премиер Нури ал Малики го критикуваше парламентарниот извештај, што го обвинува него и луѓето од неговото опркужување за падот на ирачкиот град Мосул во рацете на „Исламска држава“ минатата година и ги повикува одговорните да бидат дадени на суд.

– Бескорисни се резултатите од истрагата на парламентарната комисија, напиша Малики на Фејсбук.

Извештајот, кој ги посочува одговорните за загубата на претежно сунитскиот град Мосул, може да ја врати довербата на владата доминирана од шиити, особено меѓу муслиманските сунити, кои беа маргинализирани од двојната политика на Малики.

Според парламентарниот извештај, Малики немал точна претстава под каква закана бил Мосул, затоа што назначувал корумпирани командири и не им барал одговорност за нивните дејствија.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак