Малезискиот авион бил погоден од шрапнели од проектил

Од:

Првичните сознанија добиени од „црната“ кутија пронајдена на местото на уривањето на малезискиот авион во источна Украина, укажуваат дека леталото паднало затоа што било погодено од шрапнели кои настанале при експлозија на проектил, објави американската телевизија Си-Би-Ес, повикувајќи се на изјава на европски претставник за воздухопловна безбедност.

– Проектилот го сторил тоа за што е наменет – урување на авион, изјавил европскиот претставник за Си-Би-Ес, додавајќи дека податоците регистирани на „црната“ кутија укажуваат на „голема експлозивна компресија“.

Европскиот претставник во изјавата сепак потенцира дека ваквите сознанија се неофицијални и дека „црната“ кутија е исрапрена на детална анализа во Лондон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици