Мала излезност на првиот ден од парламентарните избори во Италија

Од:

Во Италија денеска ќе продолжат парламентарните избори, во чии рамки 47 милиони Италијанци ќе избираат 630 пратеници и 315 сенатори во двата дома на парламанентот.

Избирачките места на вториот ден од изборите ќе бидат отворени од шест до 14 часот.

Во изборната трка учествуваат партии и коалиции на четворица кандидати- на комичарот Бепе Грило, на милијардерот со првостепена пресуда за прикривање даноци Силвио Берлускони, на левичарскиот апаратчик кој не се разбира во економијата Пјер Луиџи Берзани и конзервативниот професор по економија кој не се разбира во политика и досегашен премиер Марио Монти.

Според резултатите од анкетите, спроведени во пресрет на гласањето, во водство е коалицијата на Берзани со околу 35 отсто, следена од коалицијата на десниот центар на Берлускони со 28 отсто, движењето со пет ѕвездички на Грилов со 18 и групата околу Монти со 15 отсто.

Вчерашниот прв ден од гласањето мина мирно, освен инцидентот што се случи кога трите феминистки во топлес се фрлија врз поранешниот премиер Берлускони кога дојде да гласа на избирачкото место во Милано.

Вчерашниот прв ден од изборите, исто така, мина во ниска изборна активност од 55 отсто.

Изборите внимателно се следени од Европа, која стравува од политичка нестабилност во третата економија на еврозоната, пренесоа француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он