ВИДЕО: Мал авион се урна врз куќа во САД, најмалку шест жртви во несреќата

Од:

Најмалку шест лица загинаа, а меѓу нив и две деца, кога мал авион се урна врз семејна куќа во градот Гејтерсбург, во американската сојузна држава Мериленд.

По падот на авионот, куќата и уште две соседни се запалиле, соопштија официјални претставници на локалната власт.

Портпаролот на противпожарната и спасувачката служба, Пит Пиринџер, соопшти дека во несреќата погиниле три лица кои се наоѓале во авионот, како и мајка со две деца во една од куќите.

avionkukja-s

Претходно Пиринџер изјави дека се утврдува дали во леталото било уште едно лица.

Според него, несреќата се случила во 11 часот по локално време и дека пожарот бил локализиран во рок од еден час.

Спасувачките служби ги пребаруваат запалените куќи за да утврдат дали во нив имало некого, пренесуваат американските медиуми.

avionkukja-s1

При падот на авионот се запалиле две куќи, а уште три се оштетени.

Од администрацијата на американската Федерална авиација соопштија дека авион двомоторец се урнал додека се враќал на аеродромот.

avionkukja-s2

Повикувајќи се на изјави на сведоци, локалните медиуми јавија дека авионот кружел со исфрлени тркала и дека изгледало дека пилотот се бори да го држи леталото под контрола.

Би можело да ве интересира

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти