Макс Мозли бара „дисциплинирање“ на британските весници

Од:

Поранешниот директор на трките за Формула 1, Макс Мозли побара денеска „дисциплинирање“ на британските весници.

Учествувајќи вторпат во сослушувањето во јавната истрага, што ја води судијата Левисон за стандардите и етичноста во весниците, Мозли се заложи за поостри прописи при регулирање на работата на печатените медиуми. Тој смета дека „министрите им робуваат“ на сопствениците на весниците.

Мозли водеше судски спор со, сега, згаснатиот неделник „Њуз оф д Ворлд“, откако весникот објави текстови и фотографии за „нацистичките оргии“, што тој ги организирал за своите пријатели во својата куќа во лондонскиот кварт Челзи, ангажирајќи проститутки за ваквите забави. Една од нив, новинарите на весникот, искористија за да ја озвучат и да ја опремат со „шпионска“ камера, по што се појавија фотографии и звучни записи од журките на кои се виде дека девојките и некои од гостите се облекувале во нацистички униформи и биле користени нацистички поздрави, јави дописникот на МИА од Лонодон.

Организаторот на журките Мозли, тврдеше дека станува збор за приватни забави, во неговиот дом и дека „подметнатата девојка“ од весникот, како и појавувањето на написите е „повреда на неговата приватност“. Тој дури бараше и заштита на европскиот суд за човекови права, додека „Њуз оф д Ворлд“ тврдеше дека Мозли е јавна личност, а не приватна, бидејки тогаш се уште беше директор на Формула 1. Весникот инсистираше дека британската јавност треба да знае каков е и што прави човекот со висока функција.

Европскиот суд ја отфрли тужбата на Мозли, а судот во Лондон го казни весникот со 50 илјади фунти, што се смета како ниска казна, иако оцени дека забавите на Мозли „не биле нацистички оргии“.

Макс Мозли е син на лидерот на британската нацистичка партија во текот на Втората светска војна и како дете, бил со своите родители, на гости кај тогашните највисоки нацистички личности.

Би можело да ве интересира

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство

(ВИДЕО) Десничарски хулигани упаднаа и запалиjа хотел со баратели на азил во Англија

A1on

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ