Макрон запрепастен со сличноста на денешното време со 30-тите од минатиот век

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е „запрепастен“ од сличноста на сегашната ситуација со таа од 30-тите на минатиот век, повикувајќи на „разум“ и „отпор“.

-Запрепасетен сум од сличноста меѓу времето во кое живееме и периодот меѓу двете војни, рече Макрон, на маргините на изложбата посветена на Жорж Клеменсо, француски претседател на почетокот на 20 век.

-Гледаме дека Европа е поделена поради страв, затворање во национализам и последиците од економската криза, речиси системски повторно се јавува сето она што го обележувало животот на Европа од крајот на Првата светска војна до кризата од 1929 година, вели претседателот Макрон.

-Треба тоа да го имаме на ум, да бидеме разумни и да знаеме како да му се спротивставиме со демократска и републиканска одлучност, истакна тој.

Францускиот претседател се подготвува за прослава на стогодишнината од крајот на Првата светска војна со посета на местата на големите битки на север и исток од Франција, која започнува в недела и завршува за една седмица.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Макрон прогласи национална жалост за жртвите на циклонот „Чидо“