Според најновите анкети ултрадесничарската партија на Марин Ле Пен, Национален собир има најголема поддршка од Французите, додека на второ место е партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Република во движење, јави дописникот на МИА.
Емануел Макрон и директно ќе биде вклучен во кампањата за европските избори, со цел да и даде импулс на листата предводена од Натали Лоаз.
Според резултатите од анкетата на „Харис интерактив“ 22,5 проценти од испитаниците изјавиле дека ја поддржуваат партијата Национален собир, додека 22 отсто се изјасниле за Република во движење.
Maкрон со голем постер и слоган „Во движење за Европа на 26 мај, јас гласам за Ренесанса се вклучува во предизборната кампања.
Постерот со ликот на Макрон испечатен е во тираж од 60.000 примероци и уште вечерва ќе биде излепен по улиците на Франција со цел да се активираат „,макронистите“.