Макрон повика на забрзана транзиција кон „воена економија“ и помош за Украина

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е неопходно да се препознае новата геополитичка реалност и да се забрза транзицијата кон „воена економија“ за да се продолжи со поддршката на Украина и зајакнувањето на одбранбените капацитети на Европа.

„Потребно е да се издржи, да се снабди Украина со оружје за да може да се спротивстави. Убеден сум дека тоа е геополитичката реалност во која ќе живееме долгорочно. И важно е да се запамети дека светот нема да запре ако војната заврши утре“, рече Макрон за време на поставувањето на камен-темелникот на фабриката за барут во градот Бержерак во близина на Бордо.

Според неговите зборови, масовното вооружување во Русија ќе продолжи, воените трошоци ќе се зголемат низ цела Европа.

Би можело да ве интересира

Хамас: Француското признавање на палестинската држава до јуни би било важен чекор

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

Макрон: Царините на Трамп за Европа се брутални, нашиот одговор ќе биде посилен од претходно

Макрон: Безбедносните сили ќе бидат распоредени во Украина по мировниот договор

Шојгу: Изјавата на Макрон за заштита на ЕУ со нуклеарно оружје е закана за целиот свет