ВИДЕО: Макрон итно евакуиран од сред театарска претстава во Париз

Од:

Триесет демонстранти синоќа се обидоа да влезат во театарот „Буфе ди Норд“ каде францускиот претседател Емануел Макрон гледаше претстава. Но, тие беа спречени од полиција, а Макрон беше евакуиран.

Макрон присуствуваше на претставата „Ла Муш“ заедно со сопругата. Откако на Твитер беше најавено присуството на Макрон, пред театарот се пристигнаа демонстрантите кои извикуваа „Сите заедно, генерален штрајк“.

Претседателот Макрон ја измени и својата програма за работа за да се избегнат несакани средби со демонстрантите, а од Елисејската палата се надеваат дека тоа нема да трае долго.

Последниот настан, сведочи за радикализација на демонстрантите против пензиската реформа. Демонстрантите вчера упаднаа во седиштето на реформаторскиот синдикат ЦФДТ, во знак на протест против прифаќањето од синдикатот на пензиите со поени.

Во четвртокот вечерта Марлен Шиапа, државната секретарка за еднаквост меѓу жените и мажите, исто така беше исвиркана од група демонстранти на јавен собир за општинските избори.

Би можело да ве интересира

Макрон: Треба да изградиме Европа која ќе биде одбранбена и способна

Макрон: Треба да се запре продажбата на оружје што се користи во Газа

ВИДЕО: Макрон во одбрана на уметниците кои добиваат смртни закани за отворањето на Олимписките игри

ВИДЕО: Макрон одбива да ја именува премиерката што ја предложи левицата, изговор му се Олимписките игри

Катерина Ѓуровски

Макрон ја турна земјата кон неизвесност и нестабилност обвини лидерот на француската крајна десница

Пет можни сценарија за исходот од изборите во Франција

Катерина Ѓуровски