Макрон: Не ме интересираат новинарите, туку францускиот народ

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги обвини новинарите дека се „премногу заинтересирани за самите себе“ и додаде дека него не го интересираат новинарите, туку францускиот народ.

– Мене не ме интересираат новинарите, мене ме интересира францускиот народ, тоа мора да го сфатите, изјави Макрон како одговор на критиките дека премалку дава интервјуа.

Тој при посетата на училиште во источна Франција посочи дека медиумите треба да известуваат за 12 милиони деца кои се враќаат во училишните клупи, наместо да се интересираат за него.

– Но, новинарите имаат проблем. Премногу се заинтересирани за себе, а недоволно за земјата. Ајде да зборуваме за францускиот народ, истакна Макрон.

Тој пред изборите вети дека ќе се дистанцира од медиумите и ќе избегнува да биде „фатен“ во дневна политика, туку ќе работи на претставување на долгорочните визии за Франција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски