Макрон ја назначи Елизабет Борн за нов француски премиер

Од:

Триесет години по краткиот престој на Едит Кресон (1991-1992) во хотелот „Де Матињон“, од вечерва тој повторно ќе биде запоседнат од жена. Реизбраниот француски претседател Емануел Макрон денеска ја назначи Елизабет Борн за нов премиер на земјата, соопшти Елисејската палата, јави дописникот на МИА.

Поранешната шефица на РАТП и поранешен префект на Поату-Шарент, во 2017 година му се приклучи на шефот на државата и неговиот прв мандат таа последователно беше министерка за транспортот, за еколошката транзиција, за на крајот да биде и минитерка за труд.

-Таа во неговиот петгодшен мандат ги отелотвори повеќето големи трансформации подобро од кој било друг“, забележа извор близок до Макрон.
Нејзиниот претходник, Жан Кастекс, попладнево во Елисејската палата ја поднесе својата оставка до претседателот на Републиката. Во писмо тој зборува за „новата ера што се отвора“ и најавува дека ќе се држи подалеку од националниот политички живот. Но, претходно Кастекс, сепак, ќе мора да го мине традиционалниот трансфер на власта, со новиот шеф на владата.

Борн потоа, во договор со шефот на државата, ќе треба да го формира тимот што ќе ја сочинува извршната власт до изборите во јуни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски и Макрон зборувале за распоредување војници на украинска територија

Катерина Ѓуровски

Макрон го назначи новиот премиер на Франција

А1он

(ВИДЕО) Макрон има план: 40 000 НАТО војници во Украина

Катерина Ѓуровски

Зеленски и Макрон му објаснувале на Трамп дека Путин не е истиот од 2017

Катерина Ѓуровски

Макрон утре ќе го прими Трамп, а потоа и Зеленски пред отворањето на Нотр Дам

А1он

ВИДЕО: Кризата во Франција е многу полоша од нормална политичка криза

Катерина Ѓуровски