Макрон: Германија и САД се главните противници на Украина да влезе во НАТО

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Германија и САД се двете главни земји кои се противат на влезот на Украина во НАТО.

„Постои силно противење од САД и Германија во однос на целта на Украина да се приклучи на НАТО. На крајот сојузниците ќе бидат пред одлука да ја поканат Украина во НАТО“, рече францускиот претседател пред самитот на НАТО во Вашингтон.

Макрон оцени дека Украина треба да „очекува нова фрустрација“ како по претходниот самит во Вилнус во јули 2023 година, пренесува Kyiv Independent.

„Украинците прилично се изнервираа кога заклучија дека вратата (на НАТО) е отворена, но не толку. И мислам дека сценариото за самитот во Вашингтон е исто“, рече Макрон.

Си-Ен-Ен објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека патот на Украина кон пристапување во НАТО ќе биде дефиниран како „неповратен“ во нацрт-текстот на заедничката изјава на Алијансата на самитот.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

Макрон: Царините на Трамп за Европа се брутални, нашиот одговор ќе биде посилен од претходно

Макрон: Безбедносните сили ќе бидат распоредени во Украина по мировниот договор

Шојгу: Изјавата на Макрон за заштита на ЕУ со нуклеарно оружје е закана за целиот свет

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Медведев: „Еј Макрон! Внимавај со својот нуклеарен арсенал!“