Македонецот кој усмрти пешак во Швацарија ослободен поради психичко растројство

Од:

Судот во Базел го прогаси за неодговоен за извршеното кривичното дело и му одреди мерка „упатување во клиника од затворен тип“ на македонскиот државјанин Ристе Л. (29) роден во Швајцарија, кој лани во март усмерти една жена и повреди седум лица.

Според порталот на албански јазик во Швајцарија, Албинфо, Ристе боледувал од тешка форма на шизофренија.

Тој во март 2012 избегал од една прихијатриска болница во Базел, украл автомобил што некотролирано го управувал по градските улици, и притоа усмртил една жена со велосипед додека други седум пешаци биле повредени.

Кога бил испрашуван, во врска со неговото бегство од болницата, Ристе изјавил дека „слушал гласови кои го повикувале да оди во Македонија“. Тој исто така изјавил дека не сакал никого да повреди туку само да се ослободи и да побегне во Македонија.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ