Мајкл Фалон се заложи за зголемување на британската воена помош на Украина

Од:

Британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон се заложи за зголемување на воената помош на Велика Британија за Украина и нејзината армија, предупредувајќи дека укранската војна и натаму претставува „голема закана“.

Во текот на својата посета на еден камп за обука, што се наоѓа во близината на Киев, во кој се ангажирани британски војници, Фалон предупреди дека украинската источна граница и натаму е во опаснсност, од интервенција на Русија.

Британскиот министер вети дека Британија ќе продолжи да и пружа помош на Украина, се додека тоа биде потребно и навести дека официјален Лондон е подготвен да го зголеми бројот на војниците за обука, доколку тоа го побара украинската влада.

Во Украина Британија има испратено мала група од 75 војници- инструктори кои обучуваат илјада припадници на украинските вооружени сили и припадници на Националната гарда.

Британците ги обучуваат Украинците за градска борба, за справување со мини, како и за градење посилни објекти за фортификација.

Според министерот Фалон, 18 месечната криза во Украина не е надмината, па тој предупреди дека „замрзнатата војна„ во источниот дел од земјата, останува и натаму потенцијално „мошне жешка“.

Престојот на британскиот министер Мајкл Фалон на украинската територија, се совпадна со тврдењето на властите во Киев дека 400 проруски бунтовници извршиле „жесток напад“ врз владините сили, со поддршка на тенкови.

Според украинските воени власти, нападот се случил кај едно село, 50 километри од пристанишниот град Мариупул, што е под контрла на украинската војска.

Командата на бунтовниците, меѓутоа, ги отфрли таквите тврдења на Украинците, како сосема неточни.

„Не е извршен никаков напад врз украинските владини сили, се вели во соопштението на бунтовниците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми