Мајката на Роналдо сакала од Шпанија да изнесе 55.000 евра во готово

Од:

Мајката на португалскиот фудбалер кој настапува за Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, Марија Долорес Авеиро била приведена на мадридскиот аеродром „Барахас“, затоа што во нејзината чанта имала 55.000 евра во готово, кои сакала да ги изнесе од Шпанија, објави шпанскиот весник „Мундо“.

Весникот наведува дека 61-годишната Авеиро со ваквата постапка го прекршила законот, кој забранува изнесување од Шпанија на суми во готовина поголеми од 10.000 евра.

Авеиро не можела на полицајците да им го објасни потеклото на парите, па затоа тие и заплениле 45.000 евра, по што ја пуштиле да земине од Мадрид за родната Португалија.

Парите ќе останат во полиција се додека Авеиро не го докажа нивното потекло, наведува „Мундо“, додавајќи дека изнесувањето на суми поголеми од 10.000 евра од Шпанија не е кривично дело, туку само административен прекршок, па затоа полицајците и на ја уапсиле мајката на Роналдо.

Претставник на полицијата за весникот изјави дека Авеиро најверојатно немала „никкави сомнителни мотиви, туку едноставно не го знаела законот“, додавајќаи дека кога ќе дојде да си ги подигне запленетите пари ќе мора да плати парична казна поради непочитување на законот.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата