Мајката на Џеј Ди Венс прослави 10 години без алкохол и дрога во Белата куќа

Од:

Беверли Ајкинс, мајка на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, ја одбележа 10-годишнината од прекинот на употребата на алкохол и дрога на церемонија во Белата куќа. Опкружена со пријатели и семејство, таа го доби медалјонот.

Нејзината борба со зависноста од дрога и алкохол беше откриена во мемоарите на Венс Хилбили Елегија и за време на потпретседателската дебата минатиот октомври. „Пораснав во работничко семејство. Воглавно ме одгледа баба ми бидејќи мајка ми се бореше со зависноста“, призна тогаш Венс.

Ајкинс пораснала во насилно домаќинство. Нејзините проблеми со зависноста започнале кога додека работела како медицинска сестра, земала лекови против болки за да ги ублажи главоболките. Подоцна почнала да зема опиоид Перкоцет, и на крајот хероин.

Нејзиното закрепнување започна во 2015 година. Откако извесно време живееше во нејзиниот автомобил, таа се пресели во клиника за рехабилитација.

Кога Венс ја прифати номинацијата за потпретседател, тој во својот говор рече: „Горд сум што можам да кажам дека вечерва мајка ми е тука, 10 години чиста и трезна. Те сакам, мамо.

Ајкинс моментално работи како медицинска сестра во центар за рехабилитација од дрога во Синсинати. Помладиот брат на Трамп, Фред Трамп, се бореше со алкохолизам пред неговата смрт на 42-годишна возраст. Трамп постојано нагласуваше дека цел живот избегнувал алкохол.

Би можело да ве интересира

Зеленски ќе зажали што зборува лошо за Трамп, се закани американскиот потпреседател

Шок во Минхен поради говорот на американскиот потпретседател

Венс му се заканува на Путин со „воена акција“ доколку не се согласи на договор

Во САД се одржа голем митинг против абортусот, а зборуваше и новиот потпретседател: „Сакам што повеќе бебиња во земјата“

А1он