Мајка „среди“ крадец во Тексас

Од:

Дороти Бејкер од градот Бејтаун во американската сојузна држава Тексас, доживеа непријатно искуство кога је пресретнал крадец вооружен со нож, кој и се заканил неа и на две нејзини деца.

Додека била да купува заедно со две од нејзините шест деца, Дороти заборавила да го заклучи своето комби, што го искористил извесен Исмаел Мартинез, кој се сокрил во возилото.

Кога Дороти се вратила во комбито, Мартинез го зграбчил едnо од нејзините деца и и сe заканил дека ќе го убие доколку не го одведе до најблискиот банкомат.

Но, Дороти не се исплашила и додека возела кон банкоматот, го зграпчила напаѓачот за раката. Во „борбата“ што настанала, Мартинез ја засекол Дороти по прстите и ја гризнал за раката. Гледајќи дека не ќе може да го совлада, Дороти едноставно удрила во една телефонска бандера.

– Помислав ако ударам во бандерата, тој не е врзан со појас и ќе излета преку ветробранското стакло или барем ќе удри со главата во него. Морав да направам нешто за да се спасам себе си и своите деца, изјави Дороти по инцидентот.

При ударот во бандерата, Мартинез полетал напред и удрил со главата во стаклото, а потоа добил и дополнителен удар по лицето од Дороти, по што избегал.

Но, Дороти не се откажала и тргнала со комбито по него и го „покосила“ на земја.

– Немав намера да го згазам. Само се обидов да го спречам да нападне уште некого, изјави Дороти нагласувајќи дека Мартинез „избрал погрешна вештерка“.

Од ударите и прегазувањето Мартинез завршил во болница, од каде по отпуштањето ќе биде префрлен во затвор.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа