Мајка сакаше да поспие, па на бебето му даде дрога: Бебе почина од доза која може да убие десет луѓе

Од:

Американската полиција во Флорида објави дека деветмесечно бебе починало откако неговата малолетна мајка го истурила наркотикот фентанил во неговата храна.

„Њујорк пост“ пишува дека бебето било пронајдено без знаци на живот и пулс во дом во градот Калахан на 26 јуни, по што била покрената истрага.

– Замениците на шерифот кои пристигнаа таму се обидоа да го оживеат бебето давајќи му вештачко дишење, но тоа подоцна почина во болницата во Џексонвил – изјави Бил Липер, шериф на округот Насау.

Се вели дека 17-годишната мајка првично им кажала на инспекторите дека не знаела што се случило, но ја променила приказната за време на следните полициски разговори.

На крајот, обдукцијата открила дека бебето има доволно фентанил во телото за да убие десет луѓе.

За време на последното полициско интервју во вторникот, мајката рече дека била уморна и дека сакала да спие на денот кога детето умрело.

Оваа тинејџерка признала дека го наполнила шишето со кое го хранела синот со мешавина од детска храна и она што таа мислела дека е кокаин, а подоцна се покажало дека е фентанил.

Шерифот останал вчудовиден од нејзиното признание.

– Кој го прави тоа сепак? Која мајка би го направила тоа? Тоа не е нормално. Тоа е болно. Не можам ни да замислам зошто една мајка би му направила такво нешто на сопственото дете – рече Липер на конференцијата за медиуми одржана во средата и додаде дека „никој не треба да го загуби животот поради страшна смртоносна дрога, особено не невино бебе“.

Мајката е обвинета за тешко убиство од небрежност и поседување на забранети материи.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија