Маѓар: Време е Унгарија да се врати во редовен правен режим

Од:

Вонредната состојба на Унгарија поврзана со војната, која беше прогласена пред четири години под водство на поранешниот премиер Виктор Орбан, официјално завршува денеска, објави на Фејсбук премиерот Петер Маѓар, цитиран од MTI.

– Вака се збогуваме со шестгодишното владеење со декрети. Се враќаме во нормалноста, рече Маѓар.

Орбан првпат прогласи вонредна состојба на 24 мај 2022 година, поради војната меѓу Русија и Украина, парламентот ја продолжуваше неколку пати, а неодамна до вчера.

По победата на ТИСА на парламентарните избори во Унгарија на 12 април, Маѓар првично сакаше првично вонредната состојба да продолжи до 31 мај за да се овозможи време за законски прилагодувања. Наместо тоа, на 9 мај, унгарскиот Парламент донесе нов закон со кој декретите за вонредна состојба се претворија во трајно законодавство кое ќе стапи на сила откако ќе се укине вонредната состојба.

Во текот на изминатите четири години, во рамките на вонредната состојба беа издадени повеќе од 170 владини декрети.

Би можело да ве интересира

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

А1он

(ВИДЕО) Унгарскиот премиер Петер Маѓар испрскан со вино

А1он

Орбан предупреди: На Унгарија ѝ се заканува враќање во должничко ропство

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

Унгарија и по Орбан сака да одржува конструктивни односи со Русија

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се потребни силни вооружени сили