Мадуро: Во Боливија се спроведува обид за државен преврат

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денеска изјави дека во Боливија се спроведува обид за државен преврат, имајќи ги предвид протестите во земјата по оспорените претседателски избори и повика на солидарност со боливискиот претседател Ево Моралес, пренесоа агенциите.

-Ја изразуваме нашата солидарност со боливискиот народ и посебно со нашиот брат, претседателот Ево Моралес, изјави Мадуро на самитот на Движењето на неврзаните во азербејџанската престолнина Баку.

Според Мадуро, Моралес „се наоѓа пред кампања за дестабилизирање на земјата, пред обид за државен преврат, воден од странски сили, кои се обидуваат боливискиот народ и избирачите да ги лишат од нивните демократски права”.

-Треба да го признаеме легитимитетот на победата на Ево Моралес во Боливија, изјави тој.

За Моралес генералниот штрајк што е прогласен во земјата е „државен преврат испланиран од десницата“, по што тој ги повика своите приврзаници да се мобилизират.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени