Мадуро: Не ме плашат санкциите од САД

Од:

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека и покрај воведените санкции за него од страна на САД тој не планира да се откаже од плановите за Уставотворното собрание и од борбата против непријателите.

Тој, како непријатели ги посочи од „независните новинари до вооружените мажи кои се пратени од соседна Колумбија за да го нарушат гласањето како дел од меѓународен заговор раководен од императорот Доналд Трамп“.

– Не ме плашат. Заканите и санкциите на империјата не ме плашат ниту за миг. Не примам наредби од империјата ниту сега ниту кога било… Воведувај уште санкции Доналд Трамп. Јас сум против северноамериканскиот империјализам, колонијализам, расизам. Јас сум против Кју Клукс Клан, кој управува со Белата куќа, посочи Мадуро.

Тој додаде дека е горд на санкциите, истакнувајќи оти Трамп направил најголема грешка во животот што се занимава со Венецуела.

Американското Министерство за финансии вчера Мадуро го означија како диктатор кој претставува опасност за демократијата во Венецуела и воведоа санкции, со кои се замрзнува евентуалниот негов имот во САД.

Санкциите предвидуваат и забрана за преговарање на американски претставници со претседателот на Венецуела.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак