Најмалку 15 лица се повредени при серија експлозии во хемиска фабрика во периферијата на Мадрид. Три лица се тешко повредени, јави „Би-Би-Си“.
Над Мадрид се издигнал густ чад, а причината за експлозиите се уште не е позната.
Службите за итна помош се испратени на самото место.
Фабриката се наоѓа на 27 километри од Мадрид.