Вест Аустралиан – Перт
Жителите на Мадрид се гордеат со својот град. Но, широките градски булевари, кафулињата на отворено, преполни дури и по полноќ, и велелепните музеи, прикриваат многу пукнатини во целата слика.
Новиот градоначеник, Мануела Кармена, која неодамна стапи на должност, вети дека ќе ја направи шпанската престолнина почиста, поправедна и не толку корумпирана како за време на четвртвековното владеење на десницата.
Нејзиниот избор, всушност буди вознемреност меѓу дел од локалните луѓе – нив ги плашат можностите за скок на даноците, аматерството на нејзиниот тим кој нема искуство во општинската администрација, и можноста градоначалничката да стопира големи инфраструктурни проекти затоа што се премногу скапи.
Со население од 3,1 милиони луѓе, главно на возраст помеѓу 25 и 59 години, Мадрид е најбогатиот град во Шпанија, но и најмногу заглавен во долгови. И најразединетиот.
– Нееднаквостите се големи, истакнува Паскуал Бероне, професор на Иесе бизнис школата и коавтор на истражувањето „Градови во движење“, кое обединува податоци за 148 престолнини во целиот свет.
Во Мадрид, 250 илјади луѓе се без работа или 16 проенти до активното население. Невработеноста е помала од просекот за земјата (23,78 проценти), но претерано висока за град во кој просечниот годишен приход на еден жител достигнува 36.800 евра.
– Во некои населби и нема невработеност, но на други места таа е вознемирувачки висока и достигнува над 20 проценти, посочува Бероне.
По крајот на Мовида – уметничнкото и културно движење кое постоело за забавување на народот за време на диктатурата на Франко (1939-1975 година), во голем дел од градскиот центар зацарува буржоаска атмосфера.
Четириесет и петгодишната Тереза Санчез, уште од мала возраст продава весници во Чуска – населба во престолнината со геј глубови и локали за забава.
– Реонот беше наркоманско свртилиште и малкумина доаѓаа тука да живеат, се сеќава таа. – Сега се е побогато, поубаво и помодерно.
Наместо претходните локали со трансвеститски шоуа и хард рок кафе барови, наоколу е преполно со модерни коктел барови и уметнички галерии – и тоа на само неколку стотини метри од големите национални музеи, како „Прадо“ или Музејот на модерната уметност „Кралица Софи“.
Мерките за драстична економија нанесоа силен удар врз светот на културата – но и покрај сето тоа, во Мадрид цветаат алтернативни театри, локали за забава и изложби.
Драмата на иселените
Банкари во костуми се вртат околу елегантни дами кои преку ден „фаќаат“ боја во кафулињата на улицата Серано – но на само половина час пат со метрото во јужните населби како Валекас или Карабанчел, цели семејства кои не успеваат да ја платат станарината се исфрлаат на улица.
Мануела Кармена повторува дека „нема веќе ниту минутка за губење“ и планира да го смени сето тоа. Таа решила да отвори биро за посредништво меѓу луѓето кои се под закана од иселување и нивните кредитори (банките); се подготвува да изгради и нови социјални живеалишта.
И ќе двои годишно по 79 милиони евра за да обезбеди храна за оние на кои им е најпотребна, на учениците во Мадрид.
Новата градоначалничка освен тоа вети дека добро ќе ги разгледа финансиите на градот, кој е изнемшотен под тежината на огромните долгови – како резултат на џиновските инфраструктурни проекти. Претстојниот референдум ги подига стравовите кај некои инвеститори со недвижен имот.
Но, голем број проекти, всушност коренито го подбрија животот на луѓето во работничките населби. Жителите на Карабанчел, чии прозорци претходно гледале кон обиколницата околу градот, од 2011 година имаат поглед кон огромниот парк Мадрид Рио, кој се протега како зелена долина по бреговите на реката Мансанарес, на местото на некогашен булевар.
На други места – како дел од запрените градби заради кризата, се отвораат нови спорови. Претходниот градоначелник, Ана Ботели, успеа да го намали долгот од седум милијарди евра во 2013 година на шест милијарди и тоа само една година подоцна. Но, за таа цел мораше да приватизира некои општински служби.
Градскиот транспорт – гордоста на мадриѓани, поскапе многу (за 4,6 проценти само во 2013 година), а квалитетот на услугите се влоши.
Мнозинството жители на Мадрид жестоко ги критикуваат и средствата за јавното здравство – ги земаат нештата при срце и ги попречуваат плановите за приватизација на болниците со бурни демонстрации. Новата градоначалнничка тврди дека има желба да и врати на општината некои служби кои се дадени на концесија.
– Тоа е тешка задача, коментира Хосе Рамон Пин, експерт за управување на бизниси во Иесе. И појаснува: „На почетокот ќе треба да се спасат од банкрот подизведувачите, а тоа чини пари“.