Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас ги повика европските земји да се обединат во соочувањето со глобалните предизвици, како што се климатските промени и миграцијата.
Маас потсети на падот на Берлинскиот ѕид пред речиси 30 години, што го означи крајот на повеќедецениската германска поделба за време на Студената војна.
Според него, Германија им должи на стотици илјади источни Германци кои мирно протестираа против комунистичкиот режим, но и на демократските активисти во другите земји од источниот блок и на лидерите од двете страни на идеолошката поделеност, кои го отворија патот за повторно обединување на Германија.
Тој рече дека настаните од 9 ноември 1989 година „создадоа обврска да го завршиме проектот што ја обединува Европа“, на кој ќе работи неговата земја.