MAAE: Иран ги исполни сите обврски од нуклеарниот договор

Од:

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) синоќа во Виена соопшти дека Иран ги исполнил сите предвидени обврски од Договорот со меѓународната „шесторка“ за иранската нуклеарна програма, со што се отвора патот за укинување на меѓународните санкции кон Техеран.

– Иран ги спроведе сите мерки предвидени со Договорот од јули, се наведува во соопштението на МААЕ.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун го поздрави спроведувањето на обврските од нуклеарниот договор. оценувајчи го како „исклучителна пресвртница“.

– Спроведувањето на обврските претставува одраз на добрата волја и напори на сите страни за спроведување на договореното, се наведува во соопштението на Бан, при што се изразува надеж дека тоа ќе придонесе за поголема сорабока во „постигнувањето на мир, безбедност и стабилност во региотнот на Блискиот Исток и пошироко“.

Белата куќа соопшти дека америкаснкиот претседател Барак Обама го поздравил спроведувањето на договорот, оценувајќи го како „фунадменатална пресвртница“ и при тоа потпишал извршна уредба за укинување на санкциите на САД кон Иран.

Шефот на британската дипломатија Филип Хамонд оцени дека импелментацијата на нуклеарниот договор е „исклулително важен настан“ што ќе ги направи побезбедни Блискиот Исток и светот.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер-Шатјмајер истакна дека иранскиот нуклеарен договор претставува „историски успех на дипломатијата“, со што се поттикнува надежта дека со дипломатски средства „може успешно да се решат и другите кризи и конфликти во регионот, пред се граѓанската војна во Сирија“.

Шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус изрази надеж дека договорот ќе придонесе за поттикнување на „духот на соработката со Техеран и околу другите регионлани прашања“, додавајќеи дека спроведувањето на обврските од страна на Иран претставува „заначаен чекор за мирот и безбедноста“.

Иранскиот претседател Хасан Рохани нагласи дека импелемнтацијата на договорот претставува „голема победа за трпеливиот народ на Иран“.

По повод објавувањето на спроведувањето на обврските од договорот за нуклераната програма на Техеран, во Виена синоќа допатуваа американскиот државен секретар Џон Кери, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и шефот на иранската допломатија Мохамад Џавад Зариф.

Кери го потврди укинувањето на американските санкции кон Иран, додавајќи дека сега со спроведувањето на овој „историски важен договор нуклеарната закана е намалена“.

Могерни од своја страна исто така го поздрави спроведувањето на обврските и нагласи дека и ЕУ донела одлука за укинување на мултилатералните и националните санкции кон Иран.

Зариф оцени дека со договорот се испочитувани интересите на сите страни и се „обезбедени клучни чекори за гарантирање на мирот, стабилноста и регионалната и меѓународната бзебедност“.

Воздржаност кон соопштението на МААЕ, засега изрази само Израел, кој обвини дека Иран и натаму работи на производство на нуклеарно оружје.

По стапувањето во сила на нуклеарниот договор, денеска во Техеран ќе допатува првиот човек на МААЕ, Јукија Амано.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он