Лула и натаму со уверлива предност пред Болсонаро во пресрет на претседателските избори во Бразил

Од:

Предноста на поранешниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва пред актуелниот претседател Жаир Болсонар во јуни остана речиси непроменета во однос на претходниот месец, покажа новото истражување на анкетите на „Датафол“ што беше објавено вчера, пренесуваат британските медиуми.

Во предизборните анкети Лула има поддршка од 47 отсто од гласачите, додека за Болсонаро изјавиле дека ќе гласаат 28 отсто од избирачите.

Во мај, анкетите покажуваа дека соодносот во рејтингот беше речиси идентичен со водство на Лула од 48 проценти доверба, наспроти Болсонаро кој имаше 27 отсто рејтинг меѓу Бразилците со право на глас.

Другите кандидати имаат мал или никаков напредок, што покажува дека претседателската трка најверојатно ќе остане поларизирана.

„Датафол“ вчера и завчера интервјуираше 2.556 Бразилци со право на глас, односно на возраст поголема од 16 години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата