Лукашенко: Со Русија ќе формираме заедничка група за сателити во вселената, ќе се користат и за воени цели

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека Белорусија и Русија се договориле да формираат заедничка група сателити во вселената.

Меѓу другото, овие сателити ќе се користат и за воени цели.

„Се договоривме со Русија да формираме заедничко соѕвездие на вселенски апарати во вселената. Тоа нема да биде само за воени цели. Русија е огромна. Успеавме да се вклопиме во таа програма и заедно со Русите ја градиме таа констелација од сателити, рече Лукашенко, објави белоруската агенција Белта.

Тој додаде дека Белорусија денес има сателит кој следи објект од 35 сантиметри од височина од 500-600 километри.

„Затоа овде правиме огромни чекори“, рече белорускиот лидер.

Лукашенко вети дека Белорусија ќе го испрати својот космонаут во вселената „што е можно поскоро“.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Украинците испратија 120.000 војници на границата со Белорусија

Катерина Ѓуровски

Лукашенко помилува 30 политички затвореници осудени по протестите

Лукашенко издаде наредба: Ја испраќа војската на границата со Украина

Лукашенко помилува Германец осуден на смрт во Белорусија

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин