Лукашенко: Путин вети помош ако затреба

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека се договорил со неговиот руски колега Владимир Путин, за давање помош во случај тоа да биде потребно.

Лукашенко рече дека се договорил со Путин дека на прво барање, Русија ќе обезбеди сеопфатна помош со цел да се обезбеди безбедноста на Белорусија.

– Кога станува збор за воената компонента, Белорусија веќе има постоечки договор со Руската Федерација во рамки на Сојузна држава Русија и Белорусија и Организацијата Договор за колективна безбедност (ОДКБ). Овие моменти спаѓаат во тој договор. Затоа, и денеска долго разговарав со претседателот на Русија за моменталната состојба. Морам да кажам дека сум фасциниран од тоа колку тој е свесен за тоа што се случува, рече Лукашенко.

Би можело да ве интересира

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина