Лукашенко: Путин нема да го убие Пригожин, тој не е толку злонамерен и одмаздољубив

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ги отфрли шпекулациите дека Путин ќе го убие Евгениј Пригожин, шефот на Вагнер групата, во Русија.

„Ако мислите дека Путин е толку злобен и одмаздољубив што ќе го „брише“ Пригожин – не, тоа нема да се случи“, рече Лукашенко, пренесува Ројтерс.

„Борците на групата Вагнер се во нивните логори, оние каде што се откако го напуштија фронтот“, додаде тој.

Главниот камп на Вагнер се наоѓа на југот на Русија, во Молкин, во близина на Краснодар. Лукашенко, исто така, рече дека ситуацијата за време на бунтот на групата Вагнер била толку сериозна што во еден момент белоруските специјални сили биле подготвени да летаат и да помогнат во одбраната на Москва.

„Ние, јас и Путин, дозволивме ситуацијата да излезе од контрола. Мислевме дека се ќе се реши, но не се случи. Му реков на Пригожин дека Путин и јас ќе ја браниме Москва“, изјави белорускиот претседател.

Тој додаде дека Путин го познава Пригожин 30 години и дека Вагнер е основан од руската воена разузнавачка служба ГРУ и дека таа е најдобрата руска борбена сила.

„Прашањето за префрлање на единиците на Вагнер во Белорусија зависи од одлуките на Кремљ и Вагнер. Со Пригожин разговарав вчера по телефон. Путин си стои на зборот. Пригожин и Вагнер имаат намера да продолжат да работат за Русија“, рече Лукашенко.

Би можело да ве интересира

Предупредување од Москва: Подгответе се, доаѓаме по вас

Катерина Ѓуровски

Британија нема да дозволи Украина да гаѓа цели во Русија без согласност на САД

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

ВИДЕО: Русија го нападна Киев

Катерина Ѓуровски

Русите брзо напредуваат кон клучниот град. „Ситуацијата е критична, преземаме голем ризик“

Украински медиуми: Русија донесе рекорден број бродови во Црното Море