Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска пристигна во Москва каде ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Средбата ќе се одржи во Кремљ, во формат еден на еден.
Се очекува претставниците да разговараат за развојот на соработката меѓу двете земји во различни области и прашања кои бараат разгледување на највисоко ниво, наведува белоруската агенција.