Лукашенко повикува на формирање светски антитерористички фронт

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко предлага главните светски организации, вклучувајќи ги Обединетите нации, ОБСЕ и ЕУ, да воспостават антитерористички фронт.

-Време е државите од светот да се обединат во настојувањата системски да се борат против терористите и нивните соучесници и да отворат широк меѓународен дијалог, рече Лукашенко, пренесен од Тасс.

ОН би требало да има водечка улога во тие напори, нагласи Лукашенко, потсетувајќи дека Белорусија е потписник на сите главни спогодби под закрила на светската организација.

-Убеден сум дека создавањето обединет антитерористички фронт во кој би биле ОН, ОБСЕ, ЕУ Организацијата за договорот за колективна безбедност (ОДКБ), Заедницата на независни држави, Шангајската организација за соработка и други меѓународни организации, е единствениот вистински начин силно и ефикасно да се соочиме со оваа закана, изјави Лукашенко.

Според него, тероризмот стана една од главните закани за глобалната безбедност која нема ни државни ни морални граници, а терористите го користат во своите акции и модерни технологии.

Би можело да ве интересира

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он

Лукашенко: Дали ги препознавате овие избори таму во ЕУ или не, е прашање на вкус – не ми е грижа за тоа

А1он

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина